Дијана Ѓоковиќ ги има сите причини да биде горда мајка. Нејзиниот најстар син ги испиша страниците на историјата и со голем стил се врати на заслуженото место на самиот врв на АТП листата.
Цело време беше со Новак во Мелбурн, роденденот го прослави и во далечната Австралија, а особено беше емотивно кога синот и падна во прегратки по триумфот на престижниот турнир.
Од друга страна, Јелена Ѓоковиќ не го поддржа непосредно својот сопруг во Австралија, со што по којзнае кој пат почна да се шушка дека таа и нејзиниот свекор имаат затегнати односи.
Наводно, сопругата на првиот рекет на планетата се навредила кога ја слушнала изјавата на Дијана дека не очекувала Новак да се ожени со неа.
‒ Кога почнал професионално да се занимава со тенис, немал време за забава. Повеќе беше на пат отколку дома. Го запознав со една девојка, одбојкарка од Краљево, тие беа деца. Подоцна ја запознавме Јелена. Кога имаа 18 години не мислев дека ќе се венчаат, бидејќи за се имаше време, сепак, тој го демантираше моето мислење и се ожени со неа – искрена е мајката на Новак во едно интервју.
Сепак, се чини дека односите во семејството Ѓоковиќ се повеќе од хармонични. Така Јелена на својот Инстаграм сподели фотографија од Новак и Дијана и накратко напиша „мајка“.
фото:Профимедиа/Инстаграм принтскрин