Мегафон

Масимо Савиќ го исполни Антички театар во Охрид до последно место: Се резервираа и терасите од куќите над Антички

Масимо Савиќ го исполни Антички театар во Охрид до последно место: Се резервираа и терасите од куќите над Антички

Во Охрид годинава со концертот на Масимо Савиќ и манифестацијата „Бели ноќи“ официјално почна летната сезона.

За првпат Масимо имаше open air настап, а Античкиот театар во Охрид беше исполнет до последното место. Дури и терасите на околните куќи беа резервирани за љубителите на музиката на еден од најмаркантните машки вокали на овие простори. И самиот изведувач забележа дека бројни љубители на неговата музика седат на терасите и прозорците на куќите околу Античкиот театар, и оттаму го следат неговиот настап, па рече дека е многу убаво од дневната соба да може да го слушаш концертот на Масимо.

Харизматичниот Масимо, како секогаш, одличен, а бендот кој го придружуваше на сцената во Охрид ги исполни очекувањата на присутните. Публиката два часа на нозе пееше во еден глас и танцуваше на ритамот на хитовите на хрватскиот музичар.

Концертот почна со „Одједном ти“, па се редеа  „Додирни ме случајно“, „Из једног погледа“, „Загрли ме“… Разбирливо, најголемиот дел од публиката реагираше на „Сјај у тами“, но одлично ги владееја и хитовите од најновиот студиски албум насловен „Сада“, кој во рамките на својата летна балканска турнеја го промовира во Охрид и во Битола.

Магијата на музиката, Масимо вчера ја пренесе и во Битола, каде одржа концерт на Хераклеа.

To top