Во полуфиналната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ која се одржа синоќа, настапуваа и македонските претставници Мартинијан Кириловски, Огнен Здравкоски, Филип Пецовски, Дарко Даринос.
Секој на свој начин се претстави во одлично светло, а сите четири Македонци поминаа во финалето каде ќе се борат за прво место.
На сцената на „Гранд“ вистинско шоу направи Филип Пецовски кој кога и да се појави на музичката сцена прави хаос
Имено, Филип настапуваше во дуел со Санел Смоло.
Овој пат Пецовкси на сцената се претстави со песните со песните „Хајдемо у планине“ и „Африка“.
Имено, Пецовски имаше посебна сценографија, однсоно сцената наликуваше на плажа, а тој со својата енергија успеа да ја крене публиката на нозе.
На крајот на изведбата на првата песна, последниот дел Филип го отпеја правејќи склекови на сцената на продукцијата.
Во дуел настапија Дарко Коцевски Даринос и Огнен Здравкоски, а во овој македонски дуел и двајцата поминаа во финале.
Даринос се претстави со песните „Загрли ме“ од Адил и „Гељан даде“ oд Шабан Бајрамовиќ, а за оваа изведба имаше и посебен перформанс.
Огнен се претстави со песните „Од милион жена“ од Тони Цетински и „Продужи даље“ од Здравко Чолиќ.
Мартинијан Кириловски под менторство на Јелена Карлеуша успеа да се пласира во финалето, а во претпоследната емисија тој се претстави со песните „Остала си увјек иста“ од Мишо Ковач и „Главо луда“ од Здравко Чолиќ.
Македонските кандидати ќе имаме прилика да ги гледаме во финалето кое е закажано за 20 јуни, односно овој четврток. Како ќе се претстават останува да видиме.
https://www.youtube.com/watch?v=X8ILbwYB4Vw