Радио Милева
заљубен

Mартинијан Кириловски ја покажа девојката: „Овој ден е специјален, како што си ти специјална во мојот живот“ (фото)

Mартинијан Кириловски ја покажа девојката: „Овој ден е специјален, како што си ти специјална во мојот живот“ (фото)

Мартинијан Кириловски публиката го памети по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, Мартинијан учествуваше во сезоната 2018/2019 кога беше под ментoрство на Јелена Карлеуша, која воедно и неколку пати истакна дека тој е фаворит.

За време на неговото учество во музичкото шоу, Кириловски успеа да ослабне и да го промени својот личен опис, па сега изгледа како вистински фраер.

По завршувањето на музичкото шоу, Кириловски продолжи со музички успеси.

Имено, тој издаде неколку песни, победи на Макфест 2019, а исто така и дипломираше на  Факултетот за туризам и бизнис логистика.

Меѓутоа, освен на професионално поле, на Кириловски му тргна и во љубовта. Младиот кумановец има профили на социјланите мрежи,но не објавува толку често фотографии, или барем не од приватниот живот.

Сепак, овој пат, Кириловски во кусите приказни на „Инстаграм“ ја покажа својата љубов, односно неговата девојка Aнастасија Митревска на која со колаж од неколку заеднички фотографии и честиташе роденден.

-Твојот роденден е специјален ден во мојот живот како што си ти специјална за мене. Среќен роденден љубов моја, напиша тој покрај објавата.

Потоа, тој објави како неговата сакана дува свеќички на роденденска торта.

Maртинијан и Анастасија немаат заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Митревска има завршено два факултети. Имено, таа дипломирала на ФОН и на Факултетот за физичка за физичка култура.

Еве како изгледа саканата на македонскиот миленик во „Ѕвездите на Гранд“:

фото: Инстаграм/anastasija.mitrevska/z.k munja/инстаграм/martinijan kirilovski

Останати вести од Радио Милева