За разлика од неговиот брат Стефан, кој е резервиран за објавување детали од приватноста, особено откако е во врска со манекенката Маја Ристеска, Мартин од братското дуо „Некст тајм“, редовно ја покажува јавно својата љубов кон долгогодишната девојка – ракоментарката Андреа Белеска.
Тој овој пат, имаше убава причина за да објави фотографија со саканата, а поводот беше петгодишнината од нивната врска.
-Пред 5 години Андреа Белеска ме сретна мене и не зажали ххаха, да ни се множат мац кисс, пишува мартин во описот на објавата која ја сподели на своите профили на социјалните мрежи.
Ова беше сосема доволно за да почнат да се редат честитки да им се множат годините заедно, но и осамнаа симбоили од свршенички прстен, сакајќи да го потсетат Мартин дека му е време за чекор понатаму.
Инаку, нивната врска успева да функционира и на далечина, бидејќи Андреа моментално игра за шведски женски ракометен клуб, а кога има време доаѓа во Скопје.
Таа е доста успешна во својата спортска кариера и честопати е прогласувана за најдобар играч во тимот.