По „промашената варијанта со боите и рисот“ за историскиот настап на ЕУРО 2021, новите дресови на фудбалската репрезентација на Македонија овој пат се вистински погодок. На неговата промоција на мечот со Малта од првото коло квалификаци за настап на ЕУРО 2024, фудбалерите ја донесоа и првата победа за Македонија.
Новата опрема изгледа одлично, новиот дрес одново е во препознатливите бои и елементи кои ја симбоилизираат Македонија: Стилизираното сонце од македонското знаме, чии краци се налик на отпечатови од прсти… Симболи по кои и тоа како ја пепознаваат државата, но и идентитетот на нацијата, односно Македонците и останатите етникуми кои живеат во неа.
View this post on Instagram
Резервниот дрес во бело-жолта боја е исто толку впечатлив и автентичен, како и третата варијанта на дресови и шорцеви е во темно-сива, речиси црна боја, која дополнително го нагласува сонцето и идентитетот како националната гордост.
Многумина се запрашаа кој тоа овој пат ги дизајнираше дресовите, кој ја погоди суштината, автентично ја долови сржта на она што една репрезентација треба да го носи на својот дрес, а тој да ги отсликува националните симболи на земјата во целина?
Уште повеќе сите беа пријатно изненадени кога дознаа дека автор на новиот дизајн на дресовите е познат македонски музичар! И тоа не било кој, туку Мартин Филиповски, од братското дуо близнаци од групата „Некст Тајм“, кој заедно со Рахила Илиев го потпишува автентичниот дизајн.
Запрашан од каде тој во нешто што ни на сон публиката и воопшто јавноста не го очекувала, Мартин за Вистина.ком.мк одговори:
„Со дизајн почнав да се занимавам пред неколку години за да си помогнеме како „Некст тајм“ за нас самите. ВО меѓувреме ја запознав Андреа (Белевска – ракометарката, која сега е негова свршеница) и почнав да креирам а неа некакви најави, промо материјали и сл.
Нароавив дури и лого за клубот за кој играше во Романија, Валчеа мислам се викаше, кои стаснаа и прваци на својата земја и играа во Лигата на шампиони. Но тоа не го работев за пари, хонорарно, туку онака…
Потоа си реков зошто не би продолжил. Правев логоас за неколку македонски фудбалски школи и еден ден ми се јави портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски и ме повика во нивните простории каде договоривме соработка за натпреварот со Косово. така почна соработката со ФФМ, каде работев на промо материјалите за некои натпревари, па снимивме рекламен спот – „Сега е наше време“ и уште неколку реклами… Така некако влегов во прикаскава со федерацијата и тие почнаа да ми веруваат.
На прашењето дали редизајнот можел да се случи порано, наместо онаа “срамота“ пред ЕП 2021, Мартин вели:
„Јас уште пред ЕП им понудив да го смениме дресот. Не да биде тоа сосема нов дизајн, туку да го, редизајнираме стариот, да го освежиме со нов материјал, нов крој, нови детали, но… По ЕП, по некое време одново ми се јавија и ми рекоа ако си сериозен, дојди да видиме што можеме да направиме. За два – три дена им понудив неколку варијанти, по што дојдовме до заеднички заклучок дека ќе одиме со овој дизајн што е денес“.
„Рахила Илиев од ФФМ ми помогна да го скроиеме онака како што треба, бидејќи не бев запознаен со строгите правила. После тоа работевме три месеци на деталите, тука мислам на материјалот, кројот, фонтот, ракавите и бојата. Во опција беа 4 бои, од кои трите се оние кои веќе се презентирани, додека жолтата варијанта остана како опција за изненадување, со која би можеле евентуално да ги изненадиме фановите кога ќе треба.
И сето тоа го направив не заради некаква заработка, туку од љубов кон фудбалот, кој како дете го тренирав и точно знам што посакува еден играч од дресот, каков материјал, какви одлики и перформанси да има“ – заклучува Мартин Филиповски, познатиот македонски музичар од „Некст тајм“ и спортски дизајнер.
Фото: Инстаграм принтскрин/ffmacedonia/martin_filipovski