Радио Милева магнет...

Мартија во бикини како малечка секси сирена на брегот: Пејачката е магнет за младите момчиња кои копнеат по убави, згодни и познати девојчиња (ФОТО)

Мартија во бикини како малечка секси сирена на брегот:  Пејачката е магнет за младите момчиња кои копнеат по убави, згодни и познати девојчиња (ФОТО)

Јавноста ја запозна како слатка мала, денес млада и талентирана, а однеодамна и полнолетна пејачка, Мартија Станојковиќ блесна во  регионалното музичко талент шоу „Пинкови ѕвезди“ каде што со својот глас успеа да го освои и жирито и публиката.

Со текот на годините, како напредуваше со возраста, напредуваше и со гласот ама и со стасот, па од слатко мало девојче, Мартија полека прераснува во вистинска убавица. Особено кога летото е во полн ек, па ќе дојде време и таа да се опушти на плажа, без оглед дали е на одмор или само на кус викенд. А кога Мартија ќе се соблече во костим за капење, едноделен или бикини за неа сеедно, никако не им е сеедно на оние кои го „листаат“ нејзиниот Инстаграм, како што е случајот и овој пат, со последните неколку објави.

На нив „малечката сирена“  најпрвин се појави во едноставно црвено бикини  „накитена“ со ѓердан од школки и доволно бујни облини за да ги собере „влажните машки погледи“ и задоволните насмевки на момчињата „од уво до уво“… Зашто Мартија одново покажа дека и понатаму е „риба и на суво“!

Костимот како и накитот разбирливо, може и да се смени, ама затоа убавината и привлечноста остануваат да царуваат кај згодната кумановка. Овој пат во сиво-маслинеста варијанта на отприлика истиот модел бикини кое кај Мартија  одново ги истакнува нејзините складни облини.

Патем,  ѓерданот од бели школки заменет со долго ланче со медалјонче, имиџ кој младата пејачка ја прави слатка како бомбонче. И кога лежи испружена освежувајќи се додека се сонча со мохито во чаша, а  и кога со истото се шета по песочната плажа.

Рамното стомаче украсено со пирс во пупачето, витатата става, пуштената коса  се само уште една потврда дека и во различни костими за капење, Мартија навистина е „добра партија“ и магнет за младите момчиња кои копнеат по убави, згодни и познати девојчиња, како што е пејачката.

И додека љубопитните погледи дискретно ја меркаат,  и кај машките и кај девојчињата останува дилемата, како тоа пејачката ја одржува линијата? Со јогурт и бурек, скара на кило, пица на парче или сепак згодната пејачка е „тајно жарче“ кое има некаков свој скриен ритуал од специјални тренинзи, одредени вежби, посебна исхрана…? За да не се мачат и нагаѓаат, одговорот веднаш им го сервираше самата Мартија.

Тајната е во микс од свежо овошје… И тоа полна чинија… За вита става и совршена линија! Онаква каква што „малечката сирена“ има и во лето и во зима!

Фото: Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic

To top