Младата пејачка од Куманово, Мартија Станојковиќ публиката ја препознава по нејзиното учество во регионалното музичко „Пинкови ѕвездички“.
Токму ова шоу и ги отвори вратите на Мартија кон музичката сцена, а од мало девојче порасна во девојка која плени со својата убавина.
Мартија се промени и порасна во вистинска убавица, а на социјалните мрежи често знае да сподели некоја фотографија со која ќе ги истакне своите атрибути, но и ќе ја разбуди машката фантазија.
Младата кумановка гостуваше во „Лазаров шоу“, а во рубриката „Луто пиперче“ одговараше на разни прашања.
„Многу често знае да се искоментира дека за годините често објавуваш многу разголени фотографии, што мислиш за ваквиот став, гласеше прашањето, а Мартија одговори:
„Јас правам нешто што е пријатно, јас се чувствувам пријатно во тоа. Реално, да погледнете што позираат девојките на моја возраст, јас сепак сум јавна личност. И јас кога ќе објавам мислам дека е покоректно, а не објавувам нешто што е „too much“. Да не сум јавна личност, а изгледам како што изгледам, истото би го направила“, вели Мартија.
Дали си заљубена и соло или со врска?
„Јас сум заљубена, но натаму нема да ти одговорам“.
Која кариера би сакала да ја имаш од повозрасните твои колешки?
„Не сакам да бидам безобразна и да кажам дека сакам да украдам нечија кариера. Сакам да си создадам своја, оригинална, автентична, сакам луѓето да ме сакаат затоа што сум Мартија, не затоа што сакам да имам нечија кариера“.
Дали би се вратила во некое музичко талент шоу?
„Јас додека бев во шоу имав многу мотивација за работа, се бориш за прво место. И тоа чувство повеќе те тера да работиш на себе, да постигнеш некој успех, а ако немаш некоја конкретна цел, треба самоиницијативна работа. Поради тоа чувство би се вратила, но и е стресно е, така да не знам“, вели кумановката, а на прашањето дали би се пријавила во „Ѕвездите на Гранд“, Мартија вели:
„Не, ако збориме за некое шоу, би се пријавила во некое светско шоу. Не би се пријавила ниту во некое шоу во Европа, само во светско. Не би се пријавила во некоја од нашите држави, веќе бев еднаш“, вели пејачката.
На прашањето со кој би снимила дует, Антониа или Лина, таа вели:
„Прво би снимила со Антониа затоа што ми е многу драга како личност, и бидејќи се знаеме подолго време би сакала со неа да снимам дует“, вели Станојковиќ.
Таа најави дека во следниот период ќе работи на снимање нови песни и спотови.
Целото интервју со Мартија погледнете го видеото подолу.