Радио Милева

Maртија Станојковиќ и момчето повторно имаа повод за славење

Maртија Станојковиќ и момчето повторно имаа повод за славење

Мартија Станојковиќ е повеќе од позната и популарна, особено меѓу својата генерација и нешто помладите од неа.

Публиката имаше прилика да ја запознае Мартија во регионалното музичко шоу „Пинк ѕвездички“  во 2015/2016 каде што го освои второто место.

Од мало, слатко девојче таа порасна во прекрасна, млада, згодна девојка.

Мартија е една од оние познати која не е резервирана премногу за својот приватен живот, па често на социјалните мрежи објавува фотографии и ги известува следбениците за нејзините активности.

Младата пејачка е исполнета и на љубовно поле, па така ужива во љубовната романса со своето момче со кое е една година заедно.

Имено, пред некое време таа се пофали дека поминале 10 месеци од нивната врска, а деновиве прославија и една година заедно. Освен тоа, момчето на Мартија славеше и роденден, па пејачката јавно му честиташе!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ova-e-momcheto-na-martija-stanojkovikj-so-koe-imashe-ubav-povod-za-slavenje-foto/

Мартија на својот „Инстаграм“ сподели неколку фотографии со својот сакан, а во описот напиша:

„Помина една година исполнета со среќа, авантури, чуда и љубов. Првпат сум заљубена и ја чувствувам духовната конекција. Бејби, ти посакувам среќен роденден. Ова беше лудо возење со тебе, едвај чекам да видам што е пред нас“ напиша Станојковиќ во описот на објавата.

;

Честитки на заљубените!

To top