Во пресрет на јубилејното, 10. по ред издание на Македонскиот радиски фестивал, „МАРС 2017“,деновиве беа соопштени сите поединости за претстојната манифестација, а веќе е отворено и гласањето од публиката, кое се спроведува преку официјалната фан-страница на Фејсбук.
Имено, за секоја од номинираните песни годинава поставена е фотографија со нејзиниот изведувач, а ќе победи онаа со најмногу допаѓања од слушателите. За да го дадете својот глас за вашиот фаворит, упатете се на ОВОЈ ЛИНК. Гласањето трае до 6 ноември, понеделник, до 23.59 часот.
„МАРС 2017“ годинава ќе се одржи на 14 ноември во МОБ, а директен пренос во живо ќе има на првата програма на МРТ.