Марко Миљковиќ проговори по наводните шпекулации дека ја претепал Луна Ѓогани и ја откри вистинската причина за одењето во полиција. Изминативе денови главна тема во медиумите е наводниот развод на Марко Миљковиќ и Луна Ѓогани, а двајцата сега решија да ја откријат вистината.
Луна и Марко се огласија преку нивниот канал на Јутјуб, за да им објаснат на обожавателите зошто толку многу се шпекулираа за нивниот развод.
Имено, Миљковиќ уште еднаш покажа дека се спремни на се кога е маркетингот во прашање, па успеале да исценираат сѐ, за да допрат до поголема публика и публицитет, но и пари, со оглед на тоа што успеаја да заработат доста. Додека пренесувале во живо на каналот Јутјуб, Миљковиќ ги прочитал коментарите во кои се наведува дека ја претепал и ја исфрлил од станот, а на тоа одговорил:
– Ова е најновата теорија. Денеска бев во полиција, има текст каде што пишува дека те тепав. До тоа дојде, денеска отидов во полиција, кога отидов да ја земам личната карта, па можеби некој ме сликал – рекол Марко.
Фото: Принтскрин/Марко Џоковиќ/ Јутјуб