Кошаркарот Марко Јариќ веќе година дена ужива во љубовната романса со Сања Брновиќ, манекенка и поранешна учесничка во „Големиот брат“.
Иако долго време таа ги негираше ваквите шпекулации, во јавноста се појавија фотографии од кои се гледа дека двајцата уживаат на море. Со нив е и ќерката на Јариќ која ја има од бракот со Лима.
Покрај ваквите аргументи, таа сега тешко би можела да негира. Потсетуваме, таа своевремено го тврдеше следното:
-Бевме доста врзани, набрзо се свршивме, па затоа ми се чинеше дека нашата врска не траеше седум месеци, туку седум години. Иако се трудев да се исклучам од работа, потајно сакав да работам бидејќи не ми беше интересно да седам цел ден дома без обврски. Нашата љубов одеднаш пукна и се разделивме, изјави своевремено Сања.