Марија Булат го претепала својот сопруг, фолкерот Марко Булат, кој поради повредите завршил во Ургентен центар. Пејачот ја обвинил жената за насилството, а сега на површина излегоа нови детали од драмата во нивниот дом.
Имено, Марија Булат, сопругата на Марко Булат, синоќа по полноќ наводно го удирала по телото со раце и нозе, го клоцала и го гребела со нокти, но во тепачката не биле употребени предмети, според Блиц.рс.
Марко тврди дека подолго време трпел психичко насилство и дека и претходно имало физички контакти меѓу нив од тој тип.
Овој пат дошло до расправија, бидејќи Марко наводно ја нарекол сопругата „наркоманка“ откако во станот пронашол „некои цевчиња“ кои ги однел на ДНК анализа и било откриено наводно присуство на психоактивни супстанци, дознава споменатиот портал.
Марија негирала кога тој и кажал и во лутина му удрила неколку шлаканици, почнала да го клоца и гребе.
Да потсетиме, Марко е седум години во брак со Марија, која своевремено учествуваше во реалното шоу „Задруга“.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Снежана Крстиќ