Марија Булат пред неколку недели го претепа нејзиниот сопруг, пејачот Марко Булат, кој поради повредите заврши во Ургентен центар. Фолкерот ја обвини жената за насилство, а сега во јавноста се шпекулира дека по целиот хаос дошло до помирување. Марија Булат, која не сакала да дефинира дали се смирила со Булат, но во исто време посочила дека телефонски контактираат бидејќи забраната за задржување се уште е на сила.
– За Марко не можам да кажам ништо, затоа што забраната законтакт е се уште во сила. Веднаш по расправијата ја повлекол пријавата, но по службена должност забраната за задржување сепак мора да важи. Не знам кога ќе истече. Децата се со мене. Ги носам во градинка, а Марко ги зема од градинка и потоа децата одат кај него. Засега со Марко комуницираме само телефонски и само поради децата, затоа што е важно да бидеме во контакт, барем заради нив. Не треба да кажам ништо повеќе, кога ќе дојде време за се ќе објаснам – посочила Марија Булат.
Да потсетиме, Марко тврдеше дека подолго време трпел психичко насилство и дека и претходно имало физички контакти меѓу нив од тој тип. Овој пат настанала расправија, бидејќи Марко ја нарекол „наркоманка“, откако во станот пронашол „некои шприцеви“ кои ги однел на ДНК анализа и било утврдено наводно присуство на психоактивни супстанци. Марија негирала кога тој и кажал и во лутина му удрила неколку шлаканици, почнала да го клоца и гребе.
Марко Булат е во јавноста уште од деведесеттите, кога ја започна својата музичка кариера. Тој бил познат како „крал на сплавовите“. Пејачот е седум години во брак со Марија, која своевремено учествуваше во реалното шоу „Задруга“.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Милан Илиќ