Броиме ситно до завршување на 2020та години која го одбележа целиот свет.
Македонските јавни личности изминатиот месец полека започнаа со подготвување на своите домови во новогодишно руво, а се чини дека домовите оваа година ќе бидат најчестата локација, место каде ќе ја дочекаме 2021 година.
Некои познати ги открија своите новогодишни желби и што ќе посакат за следните 12 месеци, а некако сите со соглаусваат во исто – што побрзо да заврши пандемијата.
Шеф Марк од „Брза кујна“ и неговата сопруга Василка Димоска направија селфи покрај елка, а во описот на фотографијата напишаа честитка за престојните празниц.
Нивна желба е во 2021 година да заврши короната.
„На сите наши пријатели им посакуваме Среќен Божиќ,како и голема сезона на празници. Нека ви се исполнат сите желби, добро здравје особено и ова лошо време да помине за да можеме повторно да се споиме!!!Ве бакнуваме… Чувајте се!!!“, стои покрај фотографијата.