Радио Милева

Марк и Никола сменети од „Брза кујна“: Ова се новите шефови во популарното кулинарско шоу (фото)

Марк и Никола сменети од „Брза кујна“: Ова се новите шефови во популарното кулинарско шоу (фото)

Од неодамна стартуваше петтата сезона на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ на ТВ Сител, заедно со водителката Александра Илиевска и шефовите Марк Де Јонг и Никола Мишковски.

Но, по цели четири сезони продуцентите на барање на гледачите бараа да се воведе ненаква промена, но бидејќи шоуто е под франшиза, за истото немаше многу простор за додавање или одземање на зацртаната шема во кујната на доматите и пиперките.

Како што објасни Александара на почетокот на неделава, без да направат отстапки од концептот, се решиле за едено големо изненадување за гледачите, односно да ангажираат нови шефови на местото на Марк и Никола.

Па така, пред камерите заедно со асистентите, сега пред предизвикот да готват за 20 минути се Филип Поповски и Бобан Симоновски.

фото:бобан симоновски/фејсбук

Филип е познат како популарниот „Готвиме со Фичо“, кој постојано изненадува со примамливи рецепти на социјалните мрежи, а гастрономско задоволство на спротивниот тим во „Брза кујна“ го приредува Бобан, шеф во еден елитен скопски ресторан.

фото:филип поповски/фејсбук

Дали шефовите ќе се менуваат на неделно ниво или пак Филип и Бобан ќе бидат единствените во оваа петта сезона, останува да видиме.

To top