Со почетокот на месец семпември изминатите пет години почнуваше и емитувањето на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ на ТВ Сител.
Овој септември тоа не се случи поради пандемијата од коронавирусот, но сега шефовите и домаќини, Марк де Јонг и Никола Мишковски, на своите Фејсбук профили открија дека шестата сезона започнала да се снима. Во прилог на информацијата објавија и нова фотографија од нив двајцата, но и новата водителка која ќе го води шоуто.
Станува збор за Сања Савеска која е познат телевизиски лик од утринската програма на телевизија 24. Следбениците на Марк и Никола им порачаа дека едвај чекаат да гледаат нови кулинарски предизвици и натпреварувачи, но и да поднаучат некој нов рецепт од нив, а разбирливо и дека ја забележаа промената на Александра Илиевска.
-„Ново освежување“, „Редно беше да почнете“, „Каде е Александра“, беа само мал дел од коментарите.
Причината за промената на Александра засега е непозната.
За потсетување, првата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“ го водеше Билјана Максимовска на чие место набрзо дојде Александра Илиевска. Исто така во минатата петта сезона Марк и Никола исто така имаа замена од двајца свои колеги, но тие само ги надополнуваа низ емисиите.