Македонската лото девојка е многу љубопитна. По она што може да се види, Марјана Станојковска би сакала се’ да проба. Или барем, од се’ по малку!
Летните жештини како допрва да почнуваат, па нашата ТВ водителка реши малку да се освежи. Прво се спреми па излезе од дома, а надвор пекол. Сонцето блешти – очи ќе ти извади, ама тоа за Марјана не е пречка. Таа не едно, туку има три срца.
Едно во себе, онашто чука под бујните гради и другите две во вид на најновите, најмодерни и најтренди очила за сонце. И после нека каже некој дека не е срце!
А на такво срце за да чука во изедначен ритам му треба пријатна клима. Дури и во автомобилот, кој исто така мора да е добар. А овој на водителката и тоа како е! Ем добар, ем економичен. И тоа хибрид. И на гориво, и на батерии!
А кога веќе се разлади од климата, Марјанчето реши и да си ја освежи душата. Па за да биде во тренд, седна на вистинското место. На торта и ѓус.
За да не и падне шеќерот, а и за да си го покачи процентот на витамини во организмот!
Па откако и го погодија десертот, така рефреширана одвантре, лото девојката, реши да се рефрешира и однадвор. Па патот под тркала и правец плажа.
А на Марјана, сите бои убаво и стојат… и кога се работи за бикините и кога е тенот во прашање.