Македонската ТВ водителка и лото девојка Марјана Станојковска има нови гаќички. И тоа два пара… Ги покажа!
Обата се со пролетни апликации на црна основа. Овошни… со црешички! Едните шарени, со цвет и плод, другите само со пар сочни плода! Две црешички аплицирани на црните гаќички и на двете страни од градникот.
Ваше е само да одберете што ви се допаѓа повеќе? Која комбинација? Првиот или вториот модел. И сето ова како дел од наградната игра на еден познат бренд за долна облека, што е една од многуте рекламни кампањи во кои е вклучена згодната водителка!
Дамите веројатно ќе го направат изборот само врз основа на приложените модели, ама посилниот пол пред да и купи на својата понежна половина за подарок некоја од двете комбинации, веројатно прво ќе сака да види како и стојат и едната и другата на згодната ТВ водителка?
Која црешичка подобро и стои на Марјана Станојковска. Зашто, само таа може да им олесни… во изборот на производот!