Радио Милева

Марјана Станојковска повторно доби брачна понуда: Додека таа ги учеше другите да блескаат од среќа, тој ја побара за жена!

Марјана Станојковска  повторно доби брачна понуда: Додека таа ги учеше другите да блескаат од среќа, тој ја побара за жена!

Кога си згодна, атрактивна, сексапилна, привлечна и пожелна… како Марјана Станојковска, мора да си подготвена на секакви изненадување.

Така, додека деновиве нашата лото девојка, ја промовуираше кампањата и  го претставуваше новиот „Дијамант“  – како што се вика најновиот инстант лоз на „Државна лотарија на Македонија“, и нејзините обожаватели не седеа мирно.

Напротив, оние најверните, или поточно еден од веројатно највљубените во нашиот „лото дијамант“ – згодната Маријана, реши да повлече потег.

Ако може неговото „бело рипче“ да ги прави луѓето   „да блеснат од радост“  преку социјалните мрежи, може и тој да се обиде да дојде до сопствената среќа на истиот начин. Па страв – не страв, срам – не срам, и прати  неколку подвижни сликички ( Гиф-ови)…  Колку за да и покаже колку е лудо вљубен во неа!

А на едната од нив… Машко клекнато на колена како со роза врака ја бара за животна сопатничка својата љубена!  И ај не блескај од радост после да те видам? Ама од друга страна, ај кажи му – ДА… на непознат!

Како и да е… љубов и романтика на сите страни… особено на онаа… Нејзината…  Фејсбук страна на Марјана!

To top