ТВ водителката Марјана Станојковска престојува во Грција каде замина на одмор од секојдневните обврски.
Но, работата таа си ја понесе со себе па, бидејќи ужива во тоа што го прави и додека одмара, таа неуморно рекламира одредени производи кои пак дополнително ја разубавуваат.
Трендовите за убавина кои денес се нудат и разната козметика прават драстична промена па, Марјана покрај плажа комбинациите го покажа и совршено потемнетиот тен на убавото тело кој благодарение на кремите кои ги користи постигнува ефект на „чоко женска“.
Овој пат, таа на јавноста сакаше да се пофали како изгледа со тенот кој го постигнала: „Чоколадна девојка“- напиша таа, алудирајќи на тоа дека е задоволна од промената.
View this post on Instagram
Марјана позираше во морето во бикини со тигрест принт каде со гордост ја покажа извајана фигура за која не престанува да добива комплименти.
„Прекрасна си“, „Фантастична“, „Права Тигрица“, „Прекрасно тело“ – гласеа дел од коменатарите од воодушевените обожаватели.
Затегнатите нозе, рамниот стомак и тесниот струк е пример дека Марјана е негувана жена која секогаш е во полн сјај, а провокативните фотографии на нејзиниот Инстаграм профил се чист доказ за тоа.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Марјана Станојковска