Ако претходнат година уште во мај можевме да заминеме некаде на плажа и да ја отвориме летната сезона, оваа година поради новонастаната ситуација со коронавирусот, одморите се малку одложени и по одредени протоколи.
Некои од познатите веќе заминаа во прекрасниот Охрид и Дојран, па го искористија убавото време да се сончаат, а некои наместо на плажа, импровизираа во своите дворови.
Некои од познатите веќе ја отворија летната сезона, се соблекоа во бикини и се испружија под зраците на сонцето за да фаќаат боја.
Марјана Станојковска важи за една од најатрактивните водителки. Таа е дама со витка фигура, па што и да облече одлично и стои, а уште повеќе и стои кога ќе се соблече и ќе ги покаже своите атрибути.
Деновиве, за потребетите на промовирање на костими на капење на еден познат бренд, водителката се соблече во бикини.

Во црн, едноделен костим за капење, водителката позираше пред објективот на камерата и уште еднаш го покажа своето згодно тело.

Станојковска позираше и во дводелен црн костим за капење, а во прв план се нејзините атрибути, голото стомаче и долгите голи нозе.


Ќе се согласите дека Марјана во вакво издание изгледа како “7ца на Лото“.