Радио Милева слика без прилика

Марјана Станојковска е „плукната“ Наташа Беквалац и обратно… Како да се близначки! (ФОТО)

Марјана Станојковска е „плукната“ Наташа Беквалац и обратно… Како да се близначки! (ФОТО)

Македонската лото девојка и ТВ водителка Марјана Станојковска и српската поп пејачка Наташа Беквалац неодоливо потсетуваат една на друга. Во физичкиот изглед, водителката и поп пејачката се речиси идентични.

Обете русокоси, згодни, високи, стројни, бујни, со сочни атрибути, филери и силикони… личат една на друга како „јајце на јајце“. Дури и во движењата, па и вкусот или парчињата гардероба потсетуваат една на друга.

Марјана има желба да запее, Беквалц, се’ уште не се обидела во водителските води.

Но, и покрај физичката сличност, сепак карактерот на двете блондинки им е дијаметрално различен. Во навиките и потребите веројатно имаат многу допирни точки, но табиетот на македонската водителка е далеку попитом и поразличен од оној на „надрнданата“ српската пејачка, на која скандалите и се секојдневие.

А и брачниот статус не им е ист: Беквалац ги менува сопрузите како пелени на бебе, а Марјана се’ уште не решила да вплови во брачните води. Па дури ни официјално, не „пријавила“ дека има момче за на „долги патеки“!

Генерално, двете убавици навистина наликуваат една на друга, ама само физички. Или што би рекле, една на друга се слика, ама не и прилика!

 

To top