Радио Милева

Марјана Станојковска беше кралица меѓу дамите на „Викенски бал“ во Скопје и тоа со посебна мисија (фото)

Марјана Станојковска беше кралица меѓу дамите на „Викенски бал“ во Скопје и тоа со посебна мисија (фото)

Под покровителство на Амбасадата на Р.Австрија во Македонија, а во организација на Здружението за културна соработка “Јохан Штраус”, традиционално се одржа се  уште еден “Виенски Бал” во Скопје.

И оваа година „Виенскиот Бал“ беше местото каде се собраа многу дами и господа кои секоја година се дел од ова случување, а меѓу нив беше и нашата позната лото девојка Марјана Станојковска. Таа не само што заигра на подумот и уште еднаш се докажа со своите танчарски способноси,  изгледаше и како кралица во црвена тоалета и тијара на главата.

фото: инсатграм/марјанастанојковска

Кралица беше со изгледот, но и со хуманата мисија која ја имаше на штандот на Државната лотарија. Имено, балот имаше хуманитарна нишка, бидејќи дел од средствата од продадените билети и сите средства собрани од продадените инстант лозови од штандот на Државна лотарија на Македонија ќе бидат наменети за Здружението на лица со параплегија и квадриплегија “Без ограничувања”.

фото: инсатграм/марјанастанојковска

Ова го објави Марјана на социјалните мрежи, а притоа за своите следбеници сподели фотографии и видео од тоа како изгледаше и танцуваше.

 

View this post on Instagram

 

@atelje.forever @helenadia.makedonija @idteam.hairbar

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay) on

To top