Пејачот Маринко Роквиќ веќе некое време се бори со бактеријата која го нападна неговиот организам. Роквиќ наводно е лошo, едвај зборува, a и ги откажаl сите настапи додека не се опорави.
Ситуацијата дополнително се отежнува со фактот дека Маринко имаше операција на циста кон крајот на минатата година, а потоа доби кoрoна. Сето тоа целосно го исцрпи, и тој се га сe бори со нов здравствен проблем.
Самиот пејач изјави дека е во лоша здравствена состојба и се пожали дека со месеци се бори со бактеријата, како и дека одбил бројни настапи поради неговата здравствена состојба.
„Многумина ме повикаа да одам да настапам, но морав се да одбијам поради здравствени причини. Жена ми е цело време со мене, исто и моите синови. Сега не можам да зборувам, едвај зборувам, слушате. Ако можете да ми се јавите кога ќе заврши сето ова, ве молам, тогаш се’ ќе ви раскажам. Ставив нешто во уста и не можам повеќе да зборувам. Мора да почекаме да помине ова, па кога ќе се опоравам, ајде убаво да разговараме, извинете“ – им рекол тој на новинарите кога го побарале да го слушнат.
Инаку, Маринко лани прележа корона, а после тоа ја оперираше и таа циста. По интервенцијата Маринко за медиумите изјави дека се чувствува добро и дека жената се грижи за него, но…!
Фото: Инстаграм приннтскрин/marinkorokvicofficial