Маринко Роквиќ се бореше со опасна болест, но за жал ја загуби најголемата битка во животот во 2021 година. До последниот ден се грижел за семејството, а кога дознал дека болеста напредува не сакал да напише тестамент.
Пејачот тогаш решил имотот што го стекнал во бракот со сопругата Славица да го подели подеднакво на синовите и животната сопатничка. Неговата последна желба била Марко, Никола и Дарио да продолжат да живеат во мир и хармонија, открил еден од колегите на Маринко, кој инсистирал на анонимност, пишува „Блиц“.
– Маринко беше голем палав ,но и голем господин. Неговото семејство беше на прво место. Никогаш не ги разделуваше своите синови, ги сакаше сите тројца неизмерно. Им даде се што можеше, а она што го стекна во текот на животот и богатата кариера подеднакво го подели. Ниту еден син не беше лишен, ниту за љубов, внимание, ниту за недвижнини и финансии што ги остави зад себе – изјави пејачката блиска до семејството Роквиќ.
Таа додаде дека Маринко бил свесен за ситуацијата во која се наоѓа и дека здравјето му се влошува. Затоа отворено разговарал со своите синови.
-Тој беше свесен дека болеста е опасна и дека зема замав, па отворено зборуваше за се со децата и со договор го поделија за сите во семејството да бидат задоволни. Не сакаше да замине без да остави зад себе синови кои ќе се тепаат за имотот. Рековте дека како што доликува е испратен во вечното почивалиште, верувајте го заслужи – заклучила таа.
фото:АТА Images/Инстаграм принтскрин