Радио Милева

Марина Туцаковиќ на многумина им напиша хитови, а сега никој од естрада финасиски не и помага

Марина Туцаковиќ на многумина им напиша хитови, а сега никој од естрада финасиски не и помага
фото: принтскрин

Текстописецот Марина Туцаковиќ се бори со опасната болест скоро две години, откако во февруари 2018 година и беше дијагностициран карцином. Лекарите тогаш и го спасиле животот и го отстраниле туморот, и оттогаш таа поминала низ многу фази на лекување.

Марина отворено зборуваше за тоа како се снаоѓа за лекови во време на пандемија, кои од естрадните уметници и помага, во какви односи е со Цеца Ражантовиќ откако нејзиниот син ја прозва и рече дека на фолкерката местото и е во Хаг.

фото: Новак Ѓуровиќ

„Со Цеца сум супер и ние две немаме никаков проблем. Јас не мислам како мојот син и му кажав дека не треба да прави такви работи. Тој е возрасен и треба да мисли со своја глава. Едноставно, не можам да донесувам одлуки место него“, изјави Марина и додава дека секогаш се труди со своите соработници да е во коректни односи.

„Не знам дали Цеца му забележа на мојот син за тоа што го кажа, нема да ме чуди ако е така. Инаку, со сите сум во добри односи и немам потреба некој да навредувам, ниту пак  да вратам кога некој ме навредува“, вели Туцаковиќ и открива како се снаоѓа со лекови во време на пандемија.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Се снаоѓам, никој не ми помага. Се слушам со луѓето од естрадата, но никој финасиски не ми помага“, вели текстописецот.

Таа додава дека не им забележува на естрадните уметници на кои им напишала многубројни хитови, а кои престанале да и се јавуваат откако се разболела.

„Им простувам на сите кои не ми се јавуваат. На никој не забележувам. Се тоа е нормално“, вели Марина.

Останати вести од Радио Милева