Една од најголемите ѕвезди Светлана Цеца Ражнатовиќ зад себе има долга кариера и голем број на хитови.
Имено, поголемиот дел од текстовите на песните ги напишала Марина Туцаковиќ.
Александар Милиќ Мили како што објасни на својот Инстаграм ги здружил силите со Марина и под дејство на алкохол ја напишеле „Кад би био рањен“.
„Оваа песна Марина и јас ја напишавме мртви пијани во 4 наутро и веднаш ја побаравме Цеца…Слушни го ова…„Одлепивме“ на неа“ напиша Мили.
За потсетување, Туцаковиќ има напишано песни и за Јелена Карлеуша, Лепа Брена, Аца Лукас…