Пејачката Марина Тошиќ го заврши својот летен одмор во Египет.
По морето и плажа-уживањето во едно од најпознатите светски одамаралишта – Хургада, на враќање кон дома, Марина и нејзината пријателка пристиганаа и во Каиро.
Таму згодната пејачка ја искористи можноста да го види и посети едно од најголемите светски чуда – пирамидите. Марина во „Долината на кралевите“… како Клеопатра. А Марина ко’ Марина, не може без љубов.
Затоа бакнежот со египетската сфинга го овековчи со фотографија. Да се знае и сеќева кого бакнува македонската пејачка со српско потекло и бугарска адреса на живеење под пирамидите.
Патем, нема тие пари со кои можаат да се плати задоволството од јавањето камила и пустинското сафари.
Фараонска тура за песочна авантура во долината на кралевите, која не можете да не ја споделите со фановите, следбениците и пријателите.
Арно ама, кога сме веќе кај споделувањето и „долината“, жестоката Марина она што го правеше последниот ден во Хургада исто така го сподели на фотографии на социјалните мрежи.
А на нив сексапилната русокоса само лежи… Ужива испружена во платнена лежалка, растегната меѓу две палми.
Селфи сесијата, секако дека се подразбира…
А на неа атрактивната Марина со серија првокативни фотографии и мини видео…
Панорама на уште една „долина“… Онаа, таканаречената „долина на задоволствата“!