Радио Милева љубовен чин од карантин

Марина Тошиќ почести со секси „топлес селфи“ фотосесија, за нова доза стимулација во изолација (ФОТО)

Марина Тошиќ почести со секси „топлес селфи“ фотосесија, за нова доза стимулација во изолација (ФОТО)

Пејачката Марина Тошиќ која има српско потекло, а со години живееше и работеше во Македонија, послениве години е во Бугарија. Таму стана ексклузивка на Пајнер продукција, нејзините песни и спотови се вртат на нивната „Планет ТВ“, ама русокосата убавица јавноста многу повеќе ја заинтригира со своето провокативно однесување и предизвикувачките разголени фотографии кои не престанува да ги споделува на социјалните мрежи.

И додека светот се бори со коронавирусот, сега, кога нема „тезги“ и патувања, Марина се бори со здодевноста, но и во изолација,  знае како да ја задржи популарноста. А, како поинаку, ако не со разголени селфи фотографии, најчесто од пред огледалото, на кои пејачката изгледа повеќе од секси.

(С)облечена само по гаќички, веднаш штом стана, русокосата замина во бањата под топлите млазеви на тушот, за да го разбуди телото, да ја освежи душата и со полни гради да го вдиши мирисот на новиот пролетен ден.

Откако така разголена ги заврши првите утрински хигиенски ритуали, Марина знаејќи што пали кај незјините обожаватели, направи уште едно топлес селфи за нова доза стимулација во изолација.

Но денот станува се’ подолг и не минува така брзо, а во изолација и карантин не само што ja убива здодевноста, туку Марина почна да ја мачи и осаменоста. Навикната постојано да биде во центарот на вниманието, мазена, пазена, галена, милувана,  љубена, бакнувана и гушкана во нечии прегратки, во недостаток на таква љубов, пејачката си побара друга алтернатива, која за жал не е жива, но… нејзе и врши работа!

Тошиќка утехата ја најде во својата играчка од детските сништа на девојчињата, кога како малечки ги гушкаат мечињата пред спиење, па Марина така го гушна својот огромен кадифен мечок како љубовна замена иако тоа баш и не му е намена, но… нејзе и се најде!

Иако не сме убедени дека кадифениот медо може да и го пружи она што на разголената и сексапилна Марина и треба и го посакува, сепак во недостаток на човек за „вистинска акција“ таа го одбра мечокот како алтернација. Можеби во комбинација со уште некоја „играчка за возрасни“, кога веќе го здоми, медо ќе успее да и ги смири зовриените хормони… Па Марина, така да го заврши нејзиниот љубовен чин во домашниот карантин!

 

 

To top