Главна тема во медиумите е коронавирусот кој владее во цел свет, а многумина пејачи поради безбедносни причини ги откажуваа своите концерти и настапи ширум светот.
Меѓутоа, пејачката Марија Шерифовиќ не ги откажа своите концерти во Белград, па по двата успешни концерти во „Сава центар“ таа заврши на инфузија.
Пејачката се почувствувала малаксано, па побарлаа помош од докторите.
„Марија пред тие два концерти беше на снимање на „Ѕвездите на Гранд“. Беше исцрпена, па затоа и дадоа инфузија. Се е во најдобар ред и е подготвена за новите концерти“ изјави извор близок на пејачката.
За потсетување, Тамара Тодевска беше гостинка на концертот на Марија во Сава центар.