Откако уживаше во одморот, Марија Шерифовиќ се врати на своите должности, па во петокот, 30 август, имаше концерт во Мостар, а пристигна во овој град претходниот ден.
Штом пристигна во Мостар, Марија беше пречекана со изненадување, кое веднаш со воодушевување го сподели со фановите на социјалните мрежи.
Станува збор за торта на која е претставено нејзиното куче кое го обожава, а пејачката имаше насмевка „уво до уво“.
– Леле! Ви благодарам за прекрасното изненадување! Мостар пее утре – изјави Марија, чиј миленик, англискиот Булдог Хак, има и профил на Инстаграм со повеќе од 15.000 следбеници.