Поранешната победничка на „Песна на Евровизија“ само неколку пати се појави на сцената во поелегантна гардероба, а веќе препознатлив стајлинг и се панталоните и тренерките.
Пејачката Марија Шерифовиќ за разлика од колешките повеќе сака да носи панталони отколку фустани и здолништа. Таа со години има свој препознатлив стил на облекување – панталони и тренерки од кои не се откажува.
Марија Шерифовиќ пред неколку дена вети дека доколку Србија ја победи Швајцарија на Мундијалот ќе го носи костимот, но очигледно тоа нема да се случи, бидејќи српската репрезентација ја загуби можноста за понатамошно учество на Мундијалот.
Ретки се случаите кога публиката можеше да ја види Марија во здолништа. Првиот пат беше во 2007 година кога на Беовизија ја изведе песната „Молива“ со која победи на Евровизија.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Марија Шерифовиќ