Марија Шерифовиќ, го просави својот 38 роденден. Пејачката во оваа прилика објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм како позира со роденденска торта, а покрај фотографијата остави и силна порака.
– Храбро сакам, храбро работам, храбро верувам, грешам храбро, храбро се каам и храбро простувам. Ме чини се, но храбро ја плаќам и сметката. Ајде, Шеки. На половина пат сме! Фала на сите за честитките. Ве сака М – напиша Марија, а набрзо почнаа да се слеваат коментарите и честитките.
Марија во видеото кое го објави на својата инстаграм приказна, како и секогаш, не слави роденден, но нејзината мајка Верица секогаш подготвува торта и во исто време и ја носи.
“Нема ексклузивна прослава на мојот 38 роденден, освен торта, свеќи и мајка ми во 15:30 стандардно. Значи, се правам мртва. Лежам на софата, покриена со прекрасно ќебе и се чувствувам убаво“, рече таа во видеото.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Марија Шерифовиќ