Српскиот пејач Дарко Лазиќ се здоби со тешки телесни повреди по сообраќајната несреќа која се случи во вторникот . Пејачот е на Клиника во Земун каде докторите се борат за неговиот живот.
Пејачката Марија Шерифовиќ се обрати на Твитер и брутално распали по корисниците на социјалните мрежи кои пишуваат негативни коментари.
„Оставете го човекот на мир да ја води својата битка…о да, знаеме дека пие, о да, видовте дека конзумира наркотици, и о да, возеше брзо и о да, немаше возачка дозвола – ете ви одговор на тоа. Задоволни? Замолчете на момент“, напиша бесна Шерифовиќ.