Марија Шерифовиќ ослабе три килограми за само пет дена, па сега пејачката има нов проблем! Целата гардероба преку ноќ и станала преголема!
„Кога отидов да го пробам костимот за последниот концерт во Белград, ми беше огромен! Кројачот повторно ми ги измери сите облини и испадна дека обемот на стомакот, половината и нозете ми се намалени за четири и пет сантиметри, што е фантастично. Секогаш сум среќна кога слабеам“ – вели поп-ѕвездата, која веќе две години е на специјална диета, со која ја одржува линијата.
„Секогаш сум гладна. Ми се случува да огладнам среде ноќ, па го отворам фрижидерот само да најдам нешто интересно, што и да е…“- искрена е Марија.
Иако е голем гурман, Марија не сака да подготвува храна, за тоа е задолжена нејзината мајка.
Ова е ненито на Марија Шерифовиќ:
Појадок:
Палента или овесна каша со овошје
Ручек:
Плескавица од лосос или говедско месо
Вечера:
Цезар салата или јогурт со чиa семки
фото:принтскрин/инстаграм/serifovic