Радио Милева

Марија Шерифовиќ призна дека сака жени, а малкумина се сеќаваат дека беше во врска со овој актер (фото)

Марија Шерифовиќ призна дека сака жени, а малкумина се сеќаваат дека беше во врска со овој актер (фото)

За сексуалната определба на Марија Шерифовиќ долго се шпекулираше, па таа јавно призна дека и се допаѓаат жени. Меѓутоа, ретко кој се сеќава дека пејачката порано откри дека е во врска со момче.

Имено, Марија беше во љубовна врска со црногорскиот пејач и актер Славко Калезиќ, а на интернет се појавија фотографии на кои страстно се бакнуваат. Марија и Славко врската ја започнаа откако Марија победи на Евровизија во 2007 година. Славко минатата година проговори за нивната врска.

фото:инстаграм

-Суштината е следна. На 21 година ми се случи таа приказна, за мене одамна…пред 9 години. Во тој момент сфатив во кој тек не сакам да оди мојата кариера. Мојот приватен живот е моја работа. Не дека не смеам, туку дека не сакам, затоа што мојот приватен живот е моја работа, моите пријатели и моето семејство, кажа тој.

фото:инстаграм

Калезиќ откри дека не е во контакт со Марија, но би сакал да ја види.

фото:инстаграм

-Кога е МАрија во прашање, одамна не сме се виделе, не сме во контакт, но суштината е дека кон Марија навистина имам најпозитивно мислење и просто меѓу нас немаше никакви негативности. Така да, респект кон неа. Се надевам дека ќе се сретнеме некаде наскоро, истакнува Славко.

To top