Марија Шерифовиќ испрати порака која ги загрижи нејзините обожаватели. Пејачката порача дека веќе нема да ја гледаат во „Ѕвездите на Гранд“ каде што е членка на жирито, дека албумот кој требаше веќе да биде снимен, не го ни започнала, дека треба да тргне на турнеја, дека нема време за годишен одмор, а патем и ја прекршила диетата…
„И баш ми е гајле за се’ “ – напишала Марија, очигледно избезумена од хаосот од обврски што и се случува, зашто се’ што си зацртала тешко дека може да постигне.