Во емисијата „Премиера – Викенд специјал“, гости на Огњен Несторовиќ и Тијана Приц. Беше Тијана Дапчевиќ која зборуваше за учестовото на својата сестра тамара на Евровизија. Тамара беше на самиот врв кога гласовите на стручното жири беа во прашање, но гласовите на публиката пресудија да заврши на осмото место.
-Мене телефонот ми изгоре тие 40 минути. Марија шерифовиќ ми прати порака „Тијана, што е ова, зборувај, што е ова!“- раскажа Тијана и откри колку е важно што Тамара добила толку гласови од стручното жири и била на врвот од табелата:
-Многу е тоа важно. И важно е што доби 12 поени од Англија, која е колевка на музиката. Не знаеме дали гласовите на публиката се такви. Тоа никогаш нема да го занеме. Тоа не е теорија, тоа е завера. Нема врска што тоа е мојата сестра, таа постави задача.
Она што на Тијана не и се допаднало, а морала да го истакне е што стручното жири на македонија не даде ниту еден глас за Србија, односно за Невена Божовиќ.
-Јас сум разочарана што стручното жири не даде ниту еден поен за Србија. Тоа не е Македонија, тоа се седум луѓе кои одлучиле така, што е погрешно до бесвест. Македонија гласаше за Невена, бидејќи реално немаа за кого, вели Тијана.
На самиот крај, кога зборуваа за тоа дека тамара треба да почне светска кариера, тијана откри ексклузива.
-Еве да откријам ексклузива, снима дует со шведскиот претставник, кој беше втор. Тој и пришол и и кажал „Чекај, можно ли е ти да не си црнкиња? Кој може така да пее“. Се спријатели и со Италијанецот, открива Тијана.