Радио Милева

Марија Шерифовиќ ќе биде горда: Антониа Гиговска со маестрална изведба во „Пинк ѕвездички – all stars“

Марија Шерифовиќ ќе биде горда: Антониа Гиговска со маестрална изведба во „Пинк ѕвездички – all stars“

Во најновата емисија на „Пинк ѕвездички – all stars“, настапуваше и Антониа Гиговска.

Во досегашните емисии на музичкото шоу, Гиговска се претставуваше во одлично светло и како што истакна самото жири, таа постави високи стандарди.

Во последната и најнова емисија, Антониа се претстави со песната „11“ од Марија Шерифовиќ и ги освои сите пет гласа.

фото: принтскрин/јутуб

Жирито беше воодушевено од нејзината интерпретација и имаше само пофални зборови за Гиговска.

фото: Принтскрин/јутуб

„Мислам дека Марија Шерифовиќ ќе биде горда кога ќе ја слушне оваа изведба. Навистина беше фасцинантно, дури и имаше и твои импровизации кои многу ми се допаднаа. Ти ова го направи маестрално и секоја чест“ истакна Киа Коцкар.

фото: принтскрин/јутуб

Наташа Беквалац потенцираше дека Антониа така треба да се однесува, така да пее и дека е голема ѕвезда.

„Не знаев во што повеќе да уживам, во твојата интерпретација или во тоа како изгледаш. Ми изгледаш како американска ѕвезда. Ми се допаѓа твојот став на сцена,ти кога си на сцена, сцената е твоја. Ти владееш со овој простор, твоето пеење е фамозно“ истакна Гоца Тржан.

фото: принтскрин/јутуб

За потсетување, Антониа ќе и биде придружен вокал на Тамара Тодевска на „Евровизија“ во Тел Авив.

Нејѕиниот настап во „Пинкови ѕвездички – all stars“ ќе може да го погледнете во видеото подолу на 01: 30.

https://www.youtube.com/watch?v=xfunaoKIi5w

 

To top