Радио Милева

Марија Шерифовиќ ја прокоментира Евровизија и откри каква порака добила од Тамара

Марија Шерифовиќ ја прокоментира Евровизија и откри каква порака добила од Тамара

Веќе неколку дена главна тема во сите медиуми е Евровизија и настапот на нашата претставничка Тамара Тодевска.

Имено, во финалето таа околу 45 минути беше на прво место, а потоа со гласовите на публиката заврши на осмо место.

Српската пејачка Марија Шерифовиќ го пофали настапот на Тодевска на Евровизија, но истакна дека е разочарана бидејќи се надевела дека нашата претставничка ќе ја однесе победата.

фото: Принтскрин/телеграф

„Што се однесува до Евровизија, сите сме разочарани затоа што од првиот момент бевме загреани и полудевме кога водеше Тамара. Јас некако потсвесно мислев дека со гласовите од пораките може да тргне на лошо, а тоа и се случи“ вели Шерифовиќ и откри каква порака и пратила нашата претставничка.

„Тамара како Тамара и сама ми прати порака, бидејќи цело време бевме на пораки.Ми пиша: „Не ми е гајле, јас сум задоволна, јас победив“ и на некој начин тоа има смисла. Тоа е песна која треба да и се допадне на стурчното жири и жирито тоа го препозна, посебно во некои држави кои не даваат гласови за балканските земји“ вели Шерифовиќ и додава:

фото: Принтскрин/инстаграм

„Убава песна бре, Тамара изгледаше преубаво, пееше фантастично, мене ми беше супер“ вели некогашната победничка на Евровизија.

Пејачката уште еднаш го прокоментира настапот на Мадона на Евровизија.

фото: принтскрин/јутуб

„Мадона никогаш не е ни била некоја пејачка, жената е одлична за шоубизнис, но дека направи грешка, навистина направи. Но, која сум јас да и судам на Мадона, но дека пееше погрешно, навистина пееше“ вели Шерифовиќ.

За потсетување, Марија победи на „Евровизија“ во 2007 година со песната „Молитва“.

To top