Пејачката Марија Шерифовиќ одлучи да ги израдува фановите за празниците, па одлучи да ја подари својата новогодишна елка.
Имено, доколку некој од обожавателите сака да стане сопственик на елката на Марија Шерифовиќ мора да исполни неколку услови.
-Дали се сеќавате кога ја китев елката претходната година? Како што знаете мојата фантастична елка беше во мојот стан и сега донесов една одлука. Јас одлучив да накитам нова елка за следната година. Дали се сеќавате колку ја омаловажија мојата елка? Епа сега за мене има посебно значење. Затоа одлучив оваа елка да ја подарам на некој од вас, изјави Марија во својот влог, па додаде:
-Oва елка ќе замине во нечиј дом под услов цела година да стои накитена во вашиот дом. Мора да ми дадете име, презиме и адреса за да можам одвреме – навреме да ја посетам мојата елка. Мора да ми напишете зошто ја сакате оваа елка и зошто за вас сум мега цар.
За престојните празници, Шерифовиќ ја накити новата елка и им покажа на следбениците како изгледа.
фото: Принтскрин/јутуб