Марија Шерифовиќ од самиот почеток го поддржа годинешниот српски претставник на Евровизија 2019, пејачката Невена Божовиќ, а сега откри и еден интересен момент поврзан со ова.
Имено, Марија беше убедена дека Невена ќе го мине првото полуфинале на музичкиот натпревар, додека директорот на Гранд, не беше убеден во тоа и го тврдеше спротивното.
„Малкумина знаат дека Саша Поповиќ и јас се обложивме дали Србија ќе влезе во финалето на Евросонг 2019. Јас реков дека ќе влезе, а тој дека нема… И сега ќе мора да ми купи патики“.
„Честитки, Србија!”- испрати видеопоздрав Марија преку Инстаграм.