Пејачките, членки на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ често знаат да се „закачат“ и да си кажат сè што им лежи на душа, една на друга. Овој пат, победничката на Евровизија прва ја прозва „скандал дамата“, нарекувајќи ја асоцијално ѓубре! Марија ја прекори својата пријателка и колешка од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ дека е неодговорна, односно дека ретко одговара на телефонските повици.
„Јелена се јавува, само за итни и смртни случаи. За три месеци, се слушнавме едвај три или четири пати, бидејќи таа е асоцијално ѓубре“ – рече Марија, која ја опсипа својата колешка со „комплименти“.
Се разбира, Јелена не и остана должна:
„Тоа е мојот рекорд во комуникацијата со луѓето. Не мислам дека сум асоцијална, туку сум аутистична за тие работи. Никој не сака да се дружи со мене. Марија има обиди, но мислам дека и таа наскоро ќе се откаже. Јас не сум во групата членови на жирито на Вибер затоа што ја немам ниту таа, ниту апликацијата Ватс ап“ – објасни Јелена, па и таа и забележа нешто на својата колешка: