Марија Шерифовиќ изминатиот петок, одржа концерт во Сава Центар во Белград, каде што ги изведуваше нејзините и хитовите и оние на музичарите кои ги сака и почитува.
Покрај гласот не ја штедеше ниту на искреноста.
– Естрада е едно „ср**е , каде никој не сака некој и сите се мразат. Па, постојат исклучоци, а јас не мразам никого не загрозувам, рече Марија, а потоа го повика гостинот на концертот, пишуваат медиумите од соседството.
View this post on Instagram
– Поздравете ја со голем аплауз Ивана Питерс, кого го сметам за најдобар пејач, – рече Марија и доби аплауз.
Во еден момент Марија Шерифовиќ му оддаде почит на трагично починатиот Шабан Шаулиќ.
View this post on Instagram
– Не планирав да биде вака, мислев дека ќе седнеш во првиот ред. Но, сега запали цигара и уживај “, рече Марија, пеејќи ги хитовите на Шабан.