Радио Милева
чешита на своја сметка...

Марија Луиса Тодоровска знае дека пушењето убива: Не престанала да го практикува… ама внимава (ФОТО)

Марија Луиса Тодоровска знае дека пушењето убива: Не престанала да го практикува… ама внимава (ФОТО)

Македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска не само што последнава година е максимално „распродадена“, туку сексапилната битолчанка и кога не пее знае да биде многу чешита.

Имено пејачката неретко на својот Инстаграм профил кога не ја споделува сопствената голотија и телесниот раскош, споделува разни чудни случки, знае да инсценира забавни ситуации, да овковечи смешни моменти кои и неа и нејзиното блиско опкружување, а и на оние што го листаат нејзиниот профил им го прави животот посреќен.

Неретко дури и со шеги на своја сметка… Така Марија она пример покажа дека отсекогаш не била облечена баш по свој вкус… До душа за нејзиниот имиџ тогаш одлучувале домашните, зашто била девојче… Иако, далеку од тоа дека нешто му фали!

Или за тоа дека кога ќе влета во сериозна врска или што би рекла самата „дечко за озбилно“, сите ќе бидат запрепастени… И беа!  Барем судејќи по спојот на нејзината изјава со споделената фотографија!

Марија отсекогаш не била ниту бујна и природно надарена или она што народски се вели цицлеста. Жива среќа естетската хирургија навреме се појави и во Македонија, па битолската убавица и навреме успеа да вгради и силконска предница! А материјал како материјал,  со текот на времето се аби и арчи… Што заради рокот на траење, што од претерана експлоатација, па после одредена временска дистанца, потребна е замена!

Токму на таа тема и Марија сама на своја сметка се пошегува…

Не е потврдено дека овие се баш нејзните, ама според обемот, габритот и димензиите, ќе да се отприлика тука негде!

Конечно, тезата „удри грижа на веселба“ отсекогаш била рецепт за подолг живот, освен ако нешто неочекувано не те изненади или самиот систематски не си го скратуваш.

Една од лошите навики е секако пушењето… На цигари се мисли.

Пушењето тутун е штетно по здравјето, тоа е барем оддамна општо познато, ама она што е непознато или малкумина го знаат меѓу кои и пејачката, е дека понекогаш пушењето убива и без да запалиш цигара.

Кој не верува нека ја праша Марија, која споделила едно такво искуство… До душа туѓо, ама сепак… Затоа, Марија на пушењето му приоѓа внимателно! Пуши, ама со усул!

Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska

 

 

Останати вести од Радио Милева