Иако 14-ти февруари за православните верници е Свети Трифун, празникот кога се закројуваат лозјата или фигуративно кажано, Празник на виното, последнава деценија па и нешто пред тоа, младите почнаа се’ повеќе да го слават оној кој им содветсвува на католичките верници – Свети Валентин или популарно наречен, „Денот на вљубените“.
Ден кога се даваат подароци на саканите, се празнува и слави со провод во разни угостителски локали, се разменуваат нежности, љубов и страсти… Најмногу меѓусебно меѓу оние кои се вљубени или барем така треба да да биде, сеедно. Важно е да е бајковито, љубовно и романтично. Особено ако ги споите двата празника во едно, па и од виното и од љубовта таа вечер да ви „врие крвта“!
Е, арно ама што доколку немата покрај себе понежна или посилна половина, не сте во врска, во љубов, па дури немате ни симпатија? Има ли тогаш емпатија кон „Денот на вљубените“ или ќе се вртите кон Св. Трифун и виното…? Ако не друго за утеха! Или можеби не баш така, за што чист пример и потврда е македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска!
Имено, сексапилната битолска пејачка за „Денот на вљубените“ им испрати јасна порака… И на богот на љубовта и на роднините. За Марија се знае дека нема момче, не е во врска и заљубена и е сингл… Барем официјално! Си го има само Тоше – нејзиниот „силиконски пријател на батерии за интимни прилики“ и толку!
Затоа Марија на своите Инстаграм приказни споделила интересен приказ, на кој богот на љубовта својата љубовна стрела вперена во еден лик со кој пејачката се поистоветува, не смее ни да помисли да ја испушти… Оти вперениот пиштол во него, праќа јасна порака: „Да не си ме допрел“!
Или што би рекле, Марија јасно порачала дека не и е до сериозна љубов. Евентуало, можеби може само до… нешто друго!? Чисто онака, колку за провод!
А, кога се во прашање сериозната љубов, сериозните врски и евентуалната мажачка, тука е нашата пејачка многу подрастична! Особено кога се работи за здодевните прашања на роднините од типот: „Кога планираш да се мажиш?“ Затоа пејачката решила да извади се’ од себе што и тежи и… да им плесне в лице се’ што на срце и лежи!
До душа, Марија бидемаерот го има фатено неколку пати уште од пред 5-6 години, ама никако да им докаже на тоа досадните роднини дека не е до бидемаерот… Џабе го фаќаш бидермаерот, ако не го фатиш фраерот!
Така што пораката на Марија Луиса на прашањето: „Кога планираш да се мажиш?“ е прилично јасна и сликовита до роднините, како и онаа до богот на љубовта за „Денот на вљубените“.
За Амор – недопирлива, среден прст за пошироката фамилија!
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska