Радио Милева
наопаку...

Марија Луиса Тодоровска во улога на „очајна домаќинка“: Ако денот ти е „килав“, нема врска, биди жилав… (ФОТО)

Марија Луиса Тодоровска во улога на „очајна домаќинка“:  Ако денот ти е „килав“, нема врска, биди жилав…  (ФОТО)

Деновие оред Нова Година, особено оние последните се како по правило „лудница“. Гужви во сообраќајот по улиците, метеж и турканици по моловите и продавниците, а за кафулињата, рестораните и кафеаните и да не говориме. За некого шопинг манија и денови за прослава, за некого полни раце работа.  Ова второво се однесува на некои професии меѓу кои и онаа на естрадните уметници, на кои ова им е моментот да ја финишираат годината со богата жетва.

Затоа како по навика, македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска и годинава направи предновогодишна фотосесија…

Традиционално разголена, иако сме ја виделе и во многу похардкор изданија од ова годинешново, за кое може да се каже дека дури и е културно.

Она што малку се наѕира е уметничка еротика, додека останатата експлицитна егзотика ја покрил фотошопот на фотомајсторот  Драган Ристовски од  ДРД Медиа, па се’ на се’ Марија изгледа како пристојна убавица од еротските бајки за возрасни!

Пејачката од друга страна глава не може да крене од работа пред Нова Година, па затоа неретко и се случува и „главата да ја изгуби“ трчајќи од тезга на тезга по триста работи…

Уште пак ако и се случи, како што и се случило, да стане недоволно наспана, тогаш работите во старт тргнуваат наопаку и настрана… Уште рано посабајле!

Така, сексапилната битолчанка обидувајќи се да покаже дека не е само „царица на сцената“, туку и колку е вредна по дома, заврши во улога на „очајна домаќинка“!

Имено, како што рековме, кога денот ти е лош, се ти оди „на бош“! Така валканите алишта ставени во машината за перење која вооедно е и сушална, наместо испрани, останаа валкано-исушени!

Или поточно „испушени“, односно речиси испечени. Небаре пејачката наместо во перална, ги  ставила во рерна!

А кога сме веќе кај рерната и шпоретот, Марија како што е редот дента кујната решила да ја користи само за варeње кафе, а ручекот наместо да го зготви, да го нарача. Арно ама, еден ум се има, тој е и за лето и за зима и за дома и за на сцена, па наместо од едно, Марија Луиса од две места нарачала иста пица!

И капак на се’, битолската „очајна домаќинка“ со скопска адреса на живеење, вечерта уште тргнала и без алат на пеење! Имено, пејачката тој ден очигледно никако не поаѓало од рака да се разбуди од сонот, па  тргнала од домот на тезга без микрофонот!

Како се одвивала вечерта понатаму и дали тука се’ завршило, Марија не објасни… А и не е толку важно. Ако денот ти е килав, нема врска биди жилав… Зашто на крај се е добро, кога добро ќе се сврши…!  А, Марија многу добро знае како тоа изгледа. Да не е така, шегата на своја сметка, јавно не би ја ни објавила.

Фото: Драган Ристовски – ДРД Медиа/ Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska

 

 

 

Останати вести од Радио Милева