Радио Милева
бакшиш бунар

Марија Луиса Тодоровска во ретка глетка: Пејачката со метла во кафеана иако не е вештерка, ниту очајна домаќинка (ВИДЕО)

Марија Луиса Тодоровска во ретка глетка: Пејачката со метла во кафеана иако не е вештерка, ниту очајна домаќинка (ВИДЕО)

Кај битолската пејачка со скопска адреса на привремен престој очигледно нема застој. тезги речи секоја вечер, настапи по скопските локали и кафеани до разни зори. Марија Луиса Тодоровска впрочем не стана позната фолкерка по своите хитови, туку по разните  приказни и митови што се плетат околу неа и нејзнита приватност и кариера.

@marijaluisa8 #photoshoot #photographer #photosession ♬ F Boy – Ander Huang & KROMI

Од секи клипчињата што излегоа од нејзиното домашно или поточно хотелско видео, преку разните разголени фотосесии и видеа кои самата ги споделува на социјалните мрежи, па се до нејзините настапи каде со изведбата на како што многумина го нарекуваат шундот и кичот, Марија Луиса  стана неприкосновена кралица на бакшишот!

@marijaluisa8👑👑👑👑♬ original sound – Marija Luisa

Пејачката сме ја виделе во разни изданија во кафеана, во различен аутфит, секси гардероба, најчесто раскопчана до папок во минич до препони од каде ѕиркаат сите можни ерогени зони, додекa  заводливо ви се смешкаат гигантските силикони.

Секако, тоа не е никаков грев, впрочем нема зошто и да биде, зашто во кафеана кога има добра забава пијалакот се пие на екс, а пеачката „се пие со очи“ додека погледот се кочи… Најмногу на оние места на нејзиното вито тело каде што е „најврело“, места кои возбудената и напалена машка клиентела ги зумира како со двоглед додека во своите мечти и фантазии пејачката ја соблекува со поглед!

А кога располежението ќе го достигне својот максимум, а возбудата ќе кулминира, е тогаш почнуваат да летаат банкноти… Од денари, до евра, франци, долари… Не вежно која валута ќе ја извади од „ќесата“, важно е гостинот да го погоди песната. Тогаш бакшишот е најбогат и најобилен, а илјада зборови се ништо, во однос на една видеоснимка со мобилен.

А, ова е навистина ретка  глетка… Ако не и единствена, Марија Луиса Тодоровска со метла  во кафеана… Иако е ниту вештерка, ниту очајна домаќинка пејачката го мете подот од локалот, ама не одо ѓубре отпадоци и прашина, туку со метлата го собира бакшишот што вечерта го ќарила!

И после некој нека каже дека домашните навики не се полезни… Марија Луиса тоа го знае од малечка, затоа и кога ќе и се пружи прилика за миг се престорува во вредна бакшиш кралица!

А потоа како и секоја домаќинка, пејачката ќарот од заработката си го чува во својот „бакшиш бунар“!

 

Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska

Видео: ТикТок/marijaluisa8

 

Останати вести од Радио Милева