Многумина годината која полека изминува ја оценуваат колку им била успешна според работите кои ги направиле, нештата кои ги постигнале, резултатите кои ги оствариле… Тие им се репер, параметар за тоа колку и каков успех постигнале и дали работата ја бидува во годината што изминува?!
За разлика од сите нив, македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска е дефинитивно феномен… И тоа заради многу нешта, а меѓу останатото и по тоа како го мери успехот. Зашто додека сите успехот го мерат според достигнувањата, според она што и колку направиле, сексапилната битолчанка е тотално обратна! За нејзе годината е дотолку поуспешна, доколку овие две работи не ги направила. Првото имаше доволно можности сама да го обезбеди. За она второто, по се’ изгледа не и се пружи прилика? Или барем не налета на добра прилика?
„Јас успеав, а вие“? – шеговито кажа и праша пејачката на споделената секси фотографија од последната разголена фотосесија, на која Марија неодамна се кадроса и тоа што угол – гола, што само по долна облека!
Од нејзина гледна точка, сто насто успеала, а од ваша? Веројатно зависи, од аспектот на гледање на нештата! Патем, еве зошто Марија Луиса тврди дека зад себе остава (уште една) успешна година:
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska